Back to Search View Original Cite This Article

Abstract

<jats:p>Манифестациите во архитектурата и инфраструктурата кои се појавувале како резултат од динамичните меѓурелигиски односи во доцноримскиот период биле предмет на интерес на голем број истражувачи. Според одредени истражувачи, признавањето на христијанството како официјална државна религија и континуираното зајакнување на статусот и моќта на црквата во целокупниот општествен контекст, значително влијаеле во креирањето на урбаниот пејзаж. Сепак, оваа хипотеза многу едноставно ги објаснува комплексните процеси, и иако повеќепати била аргументирано потврдена, треба да се има во предвид дека ретки се факторите на влијание (државна политика и правна регулатива) коишто потенцијално се манифестирале на голем простор и на релативно синхронизиран начин. Процесите биле далеку покомплексни поради фактот што станувало збор, и според интензитет и според хронологија, за неистоветни фактори на влијание и манифестации од истите. Целта на овој труд е да се презентира дел од заклучоците до кои се дојде преку екстензивно истражување врз промените во архитектонското и инфраструктурното уредување во Lychnidus, Heraclea Lynкestis, Stobi, Scupi, Bargala и локалитетот Големо Градиште кај с. Коњух (Tranupara?) спроведено во периодот 2015-2021 година. Во таа насока, предмет на обработка во овој труд ќе бидат првите манифестации од христијанството во селектирани урбани контексти, подигањето на храмови и резиденции, како и обидот за идентификување на обрасци во контекст на нивното просторно (хоризонтално и вертикално) лоцирање во рамки на постојната урбана мрежа и инфраструктура. Посебни осврти ќе бидат направени кон проблемите на констатираниот асиметричен развој помеѓу сакралната и цивилната станбена архитектура и кон проблемот на кулминација на инвестициите во христијанската сакрална архитектура. На ова место не треба да се очекува детална архитектонска и инфраструктурна анализа на градбите и населбите кои се предмет на истражувањето.</jats:p>

Show More

Keywords

на во се од кои

Related Articles

PORE

About

Connect