Back to Search View Original Cite This Article

Abstract

<jats:p>Заради филолошкиот и хеленоцентричен пристап во изучување на историјата на нехеленските тнр. барбарски народи, зашто брбореле на јазик неразбирлив за Хелените, нивната религија, а особено митологијата, во прв ред на Македонците, (но и на поодалечните - Римјаните, Етрурците), сѐ до денес се објаснува како псевдомитологија што наводно била направена со позајмици од грчката митологија, или пак се толкува како хеленска - на пр. македонската. Ваквото толкување на современите изучувачи, овде ќе биде разобличенo со примерот на фригиската легенда за гостољубивите сопружници Филемон и Баукида (запишана од Овидиј, Преобразби) којашто ја нема во хеленската митологија - не се споменува ниту во култот на Ѕевс ниту на Хермес, но сепак е вклучена во секој речник за грчка митологија. Одраз на оваа легенда е иконoграфијата на една група надгробни споменици од римско време во Македонија - најбројни по течението на р. Вардар (Ахiоѕ) - редок пример на материјален одраз на легендарно минато и затоа исклучително значајни. Со одразот на фригиската легенда на овие надгробни споменици се поткрепува прастарата традиција за преселбата на Бригите зачувана само како мит, како и сродството Фриги / Бриги - последниве супстрат во етногенезата на античките Македонци, како и дека идентитетот може и треба да се изучува и со митовите.</jats:p>

Show More

Keywords

на во се како за

Related Articles

PORE

About

Connect