Abstract
<jats:p>Покрај типолошките специфики и хронолошката припадност на средновековните прстени од прилепскиот регион, врежаните претстави и симболи со кои се декорирани прстените исто така отвараат простор за подлабоко истражување на нивното значење. Врежаните мотиви, односно симболите на прстените се манифестација на поврзаноста со носителот и неговата улога во општеството во средновековниот период. Во рамките на овој труд се обработени мотивите на околу триесетина прстени кои датираат од X век до XVI век, откриени при археолошките истражувања во следните локалитети од прилепско: црква Св. Никола-Варош, Маркови Кули, Поткули, Гробишта-Варош, Илино-Шаторов Камен во с. Лениште, црква Св. Јован-Варош, црква Св. Димитрија-Варош, црква Св. Атанас-Варош, Трпчева Црква и Задна река – Грмајте. Преку семиотичката анализа на прикажаните мотиви, во овој труд е направен обид да се дефинира религиското, магиското и профилактичкото значење со што ќе се добие појасна слика за верувањата на луѓето кои живееле на овие простори во средновековниот период.</jats:p>